Erasmus

Еразмус канцеларијата на МИТ Универзитет Скопје претставува основна единица која соработува со сите факултети на универизтетот. Основната цел на канцеларијата е создавање услови за студентите од целиот Универизтет да активно учествуваат во студентската образовна размена, како и учество на професорите во академската мобилност, со Универзитетите од Европа.

За таа цел Еразмус канцеларијата на МИТ Универзитет Скопје, активно работи на отворање билатерална соработка со сите универзитети во Европа и овозможување на развој на образовниот процес, стекнувањето на нови искуства и знаења, како и размена на културните вредности на Македонските студенти на МИТ Универзитет со своите колеги на Европските универзитети.

Еразмус програмата функционира веќе 26 години е наменета пред се за студентите, а се состои во овозможување на размена со студентите на универзитетите во Европа. Целта на програмата е создавање на мрежа на студентите, но пред се покрај социалниот аспект, основната цел е академска мобилност и стекнување на едукативно искуство во други земји.

Можностите на Еразмус се многу големи за студентите и затоа нашата канцеларија презема активности истите да ги доближи до студентите на нашиот универзитет и овозможи активно учество.

МИТ Универзитетот е партнер на Еразмус програмата и со тоа во претстојната академска 2013-2014 година студентите ќе можат да учествуваат во реализацијата на оваа програма според досегашните можности, а веќе од средината на 2013 година канцеларијата Еразмус на МИТ Универзитетот ќе започне со процедурата за аплицирање во партнерство за новата Еразмус програма 2014-2022, наречена Erasmus for all.

Почитувани студенти,

Во името на МИТ Универзитет Ве повикуваме да бидете дел од Еразмус програмата и стекнете повеќе искуство и друг облик на знаење и образовен модел, а воедно претставувајќи го МИТ Универизтет и Република Македонија.

Раководител на Еразмус канцеларија на МИТ Универзитет Скопје: Доцент д-р Катерина Валјановска, email: katerina.veljanovska@mit.edu.mk

Врз основ на Законот за Високо образование, Правилникот на МИТ Универзите, Еразмус програмата и соработката и насоките од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, Еразмус канцеларијата на МИТ Универзитет распишува ИНТЕРЕН,

К О Н К У Р С

за избор на студенти од МИТ Универзитет за учество во Еразмус мобилност за летниот семестар во академската 2013-2014

На конкурсот имаат право да учествуваат сите редовни студенти кои ги исполнуваат условите да во академската 2013-2014 година запишат 2, и 3 студиска година на прв циклус студии (додипломски студии) и студентите од 4 студиска година на втор циклус студии (последипломски-магистерски студии).
Студентите е потребно добро да го познаваат Англискиот јазик, а за што од страна на лекторите од МИТ Универзитет ќе биде спроведено тестирање.

Студентите може да аплицираат за следните мобилности:

1. Една мобилност во траење од 5 (пет) месеци на Факултетот за специјални технологии при Универзитетот "Александар Дупчек" во Тренчин, Словачка Република,

2. Една мобилност во траење од 5 месеци на Одделот за политички науки при Универзитетот "Александар Дупчек" во Тренчин, Словачка Република,

3. Една мобилност во траење од 5 месеци на Земјоделскиот и прехрамбено-технолошки Факултет при Универзитетот "Јосип Јурај – Штросмаер" во Осијек, Република Хрватска,

4. Една мобилност во траење од 5 месеци на Факултет за психологија и однесување при Универзитетот "Јосип Јурај – Штросмаер" во Осијек, Република Хрватска,
Конкурсот е отворен до 20.11.2013 година до 14.00 часот. Апликациите да ги поднесете електронски на е маил: katerina.veljanovska@mit.edu.mk и во печатен облик кај доцент д-р Катерина Вељановска.
Формуларот за апликација ќе го најдете на нашата web страна.
Наставата на универзитетот "Александар Дупчек" во Тренчин студентите ќе може да ја следат на Словачки и Англиски јазик, а на универзитетот "Јосип-Јурај Штросмајер" на Хрватски и Англиски јазик.

Со почит,
Еразмус канцеларија, МИТ Универзитет Скопје

Почитувани студенти,

МИТ Универзитет како партнер на Високата школа за меѓународни односи и дипломатија во Загреб "Даг Хамасјорлд" поканет е да учествува на студентската конференција која е во организација на Високата школа за меѓународни односи и дипломатија "Даг Хамасјорлд" од Загреб. Конференцијата ќе се одржи од 08.10. до 11.10.2013 година во Загреб во просториите на Високата школа "Даг Хансјорлд".

МИТ Универзитет Ве повикува да учествувате на оваа конференција на која како предавачи ќе присуствуваат политичари, дипломати и професори од повеќе држави од регионот и Европа при што студентите ќе може да поставуваат прашања и активно да се вклучат во дискусијата за сите прашања во врска со темите од предавањата.

Покрај ова, студентите ќе може да остварат контакт со своите колеги од Загреб, како и од другите партнерски високошколски установи кои ќе присуствуваат на конференцијата, а со цел создавање на студентска мрежа и размена на искуства.

Бројот на студенти кои ќе присуствуваат на конференцијата не е ограничен.
Високата школа "Даг Хансјорлд" обезбедува исхрана и пијалоци во рамките на конференцијата, додека патните трошоци и трошоците за сместување (во хостел) ги сносат учесниците на конференцијата во личен ангажман.

За повеќе детали околу овој повик за студенти за учество на конференција можете да се консултирате со Доцент д-р Оливер Андонов. Пријавувањето за учество на конференцијата е до 30.09.2013 година кај колешката д-р Катерина Велјановска.

Со почит,
Еразмус канцеларија на МИТ Универзитет

Students

0

Courses

0

Staff

0

Locations

0