МИТ Универзитет

МИТ Универзитет е акредитирана високообразовна институција согласно Решение за акредитација бр. Сл. 12 од 14.10.2008 година и упишана во Регистарот на високообразовни установи под број 27.

При основањето на МИТ Универзитет, испочитувани се сите одредби од Законот за високо образование и Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи за вршење на високообразовна дејност и Правилникот за задолжителни компоненти и Уредбата за Национална рамка на високообразовните квалификации.

Доследно се применети измените и дополнувањата на Законот за високо образование, утврден е соодносот помеѓу задолжителните и изборните предмети, со листа на задолжителни предмети, листа на изборни предмети и дефиниран начин на избор на предметите.

При изработката на наставните програми, заради компатибилноста на програмата со европскиот, но и светскиот систем на образование и поради можноста за мобилност на студентите, внимавано е програмите да соодветствуваат на веќе признатите светски програми, што значи дека секој студент кој би сакал да изврши трансфер во друга земја, истото непречено би можел да го оствари.

Наставниот процес на МИТ Универзитет се одвива според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС), кој овозможува мобилност на студирањето, но и воведување и примена на стандардите според Националната рамка за високо образование и квалификации.

Универзитетот ја спроведува ERASMUS програмата, овозможувајќи им на своите студенти и наставниот кадар не само мобилност на студирање и размена на знаење, туку и запознавање со вредностите на европските универзитети. Освен тоа, во тек е и програмата за размена на студенти и професори MEVLANA на Република Турција.

Во досегашното работење, МИТ Универзитет има организирано четири научни меѓународни конференции со присуство на еминентни професори и стручњаци од многу земји од светот. Придобивките од овие конференции се објавени во зборници на трудови. Исто така, Универзитетот има организирано повеќе дебати, тркалезни маси и форуми.

МИТ Универзитет е член на Меѓународната истражувачка асоцијација KNX и е единствен универзитет на Балканот кој е член на оваа асоцијација. Ова членство на Универзитетот му овозможува достапност и следење на најновите врвни технологии во стопанството, извор на информации и можност за научни и истражувачки дејности.

Универзитетот има оформено сопствен буџет со цел поттикнување на научно- истражувачката дејност, преку кој се финансираат чинителите на овие истражувања и нивното учество на меѓународни конференции. Професор од МИТ Универзитет е единствен истражувач од Република Македонија во Европскиот центар за нуклеарни истражувања ЦЕРН во Женева, Швајцарија. Ангажираноста и стручните компетенции на наставниот кадар можат да се видат и од континуираното учество на меѓународни собири, симпозиуми на иноваторство, учество на меѓународни научно-истражувачки проекти како што се FP6, FP7, UNESCO, како и добивањето повеќе меѓународни признанија и Фулбрајт стипендија на наш професор.

МИТ Универзитет, на предлог на своите единици заради посебен придонес за развојот на високообразовната дејност, научната мисла, културата и посебен придонес за научните достигнувања во својата област, има доделено звања Почесен професор (Profesor Honoris Causa), Profesor Emeritus и почесен доктор на науки. Универзитетот има потпишано и повеќе меѓународни договори за соработка со етаблирани факултети и универзитети, како и реномирани установи во земјата и од странство.

МИТ Универзитет има основано Центар за квалитет и развој на кариера кој води посебна евиденција за поранешните студенти (алумни) и организира саеми за кариера за секој факултет. Исто така, овој центар има повеќе работни групи составени од студенти, професори и претставници од стопанството, каде што постојано се организираат работилници, семинари и дискусии за унапредување на квалитетот на образованието за потребите на стопанството. Центарот за кариера има улога и за насочување на студентите за практична обука по претходно потпишани договори со институции каде студентите ќе ја извршуваат.

МИТ Универзитет склучува и договори со стопанството за континуирана обука, со цел подобрување на квалитетот на наставниот процес вклучува и познати експерти, домашни и странски. Организира студентска кооператива која им дава бесплатни обуки на земјоделците со цел унапредување на производството. Во својата лабораторија за квалитет и безбедност на храна, акредитирана од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, врши бесплатна анализа на составот на почвата со препораки за посеви на земјоделците, но и бесплатно го испитува квалитетот на пчелните производи, со единствена цел помагање и унапредување на аграрот во Република Македонија.

Универзитетот спроведува и учествува во хуманитарни акции.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0