МИТ Универзитет

Интернационалниот дневник на најнови истражувања во науката и уметностите претставува онлајн, мултидисциплинарен пилот-дневник, прегледан од страна на наставниот кадар, и има отворен карактер, а се огласува двапати во годината (во октомври и март).

Најљубезно би сакале да ве поканиме да го дадете вашиот придонес преку поднесување на сопствен истражувачки труд за објава во петтото издание на Дневникот. Добредеојдени се трудови што ги задоволуваат општите критериуми за значајност и научно достигнување класифицирани како: оригинални истражувачки статии, кратки објави, критики и аналитички извештаи.

Области опфатени во Интернационалниот дневник на најнови истражувања во науката и уметностите

Општествено-хуманистички и уметнички науки (антички и модерни јазици, литература, филозофија, визуелни и сценски уметности, музика, ликовна уметност), деловен менаџмент, управувачко сметководство, економија, финансии, осигурување, комуникациски студии, политички науки, право, меѓународни односи и дипломатија, јавна администрација, психологија, социологија, менаџмент на угостителство и туризам, сообраќај и транспорт, социологија и антропологија, јавна администрација и политички истражувања, социјална психологија, општествени науки.

Физички науки и инженерство: компјутерски науки, енергија, математика, физика и астрономија, инженерство, статистика, природни и физички науки, биофизика, математика и компјутерски науки, хемија и применета хемија, интернет и информациски системи, електрично инженерство, граѓанско инженерство, инженерство на инфраструктури, електроника и комуникациско инженерство, индустриско инженерство, механичко инженерство, графика и мултимедија, софтверско инженерство, биоложко инженерство, хемиско инженерство, земјоделско инженерство, екологија, биотехнологија, земјоделство.

Здравствени науки: медицина и стоматологија, нега и здравствени професии, фармакологија, нутриционизам и метаболизам, јавно здравство и епидемиологија, козметологија, физиотерапија, медицинска пракса, спорт и здравје.

Дознајте повеќе на следниот линк: http://www.journal.mit.edu.mk/

Стремејќи се кон престиж во високото образование, во последните осум години МИТ Универзитет Скопје е посветен на континуирано подобрување и инвестирање, како во образовниот процес, така и во науката.

Со голема чест Ве покануваме да земете учество на претстојната Интернационална научна конференција „Глобални предизвици и можности – идни перспективи на земјите во развој“, што ќе се одржи од 20 до 21 мај 2016 година.

Цел

Главна цел на Интернационалната научна конференција е да испорача инспиративни визии и перспективи за земјите во развој кои ќе произлезат од научно-истражувачката работа и плодна дискусија. На едно место своите сили ќе ги здружат различни профили на научниработници, експерти, истражувачи, професори, студенти и креатори на политиките, со намера да придонесат кон развој на науката.

Научни области

Веруваме дека Интернационалната научна конференција ќе биде уникатно тркало на прогресот во сите сфери, управувано од продлабочено спознавање на реалните проблеми преку интердисциплинарен пристап кој ќе ги опфати следните научни области:

  • – Математика и природни науки
  • – Техничко-технолошки науки
  • – Медицина и здравство
  • – Биотехнички науки
  • – Општествени и хуманистички науки

Дознајте повеќе на следниот линк: http://www.conference.mit.edu.mk/

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0