МИТ Универзитет

МИТ Универзитет како високо-образовна институција се формира во 2007 година, во чиј состав спаѓаат Факултетот за менаџмент и Факултетот за информациски технологии.

По успешниот академски старт, институцијата набрзо, во 2008 година, прераснува во универзитет кој брои шест високо-образовни единици, и тоа пет факултети (МИТ Факултет за менаџмент, МИТ Факултет за компјутерски науки и технологии, МИТ Факултет за архитектура, МИТ Факултет за менаџмент на еколошки ресурси и МИТ Факултет за менаџмент на туризам) и една академија (МИТ Академија за гастрономија).

Од самото формирање, Универзитетот во својот развоен процес доследно ги применува измените и дополнувањата на Законот за високо образование, утврдувајќи го соодносот помеѓу задолжителните и изборните предмети, со листа на задолжителни предмети, листа на изборни предмети и дефиниран начин на избор на предметите.

Освен тоа, следејќи ги потребите во општеството и на пазарот на трудот, МИТ Универзитет во 2012 година не само што ги усогласува постојните студиски програми согласно законските измени, туку акредитира и нови единици во својот состав, и тоа МИТ Факултетот за психологија, МИТ Факултетот за безбедност, криминологија и финансиска контрола и МИТ Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија.

МИТ Универзитет продолжува со остварување на своите мисија и цели: продуцирање и квалитетнареализација на најразлични студиски програми во духот на Болоњската декларација, ангажирајќи професори од државата и странство, задоволувајќи ги потребите на студентите за стекнувањеквалитетни знаења координирајќи се со институциите, ги задоволува потребите на организациитеедуцирајќи кадри со апликативни знаења, создавајќи академска средина во која во процесот наусвојувањето на знаењата тргна не од теоријата, туку од потребите на практиката заснована нанајновите научни достигнувања.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0