МИТ Универзитет

Нашиот Воздухопловен колеџ ќе профилира кадри кои во согласност со концептот на модерното универзитетско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката. Студентите ќе се стекнат со знаења и вештини за современите воздухопловни науки, развојни процеси и перспективи, промоција на нови технологии, креативно размислување за вредностите и нивна примена во воздухопловството.

Целите на овие студии се јасно детерминирани. Програмата на нашиот Воздухопловен колеџ е компатибилна со европските студии. Општата или глобална цел е да се развие, да се прошири и да се унапреди знаењето од воздухопловство, да се поттикне практичната примена на ваквите знаења и да се профилираат воздухопловни инженери кои со својата стручност ќе им конкурираат на светските стручњаци од оваа област.

Во рамките на ЕУ хармонизацијата, но и унификацијата на воздухопловството треба да овозможи остварување на единствен простор на небо, безбедност, како и единствен пазар во кој непречено ќе се остварува протокот на економијата, науката и знаењето.

Поради ова, МИТ Воздухопловен колеџ со особен интерес ќе профилира кадри кои ќе бидат подготвени да се носат со европските кадри и истите да иницираат и спроведуваат и воздухопловни реформи во Република Македонија заради исполнување на критериуми за членство во ЕУ, поради остварување на професионално воздухопловство, а на крајот и воздухопловна реформа која ќе значи воведување на т.н. европски член.

Мисијата на студиите е научно спознавање и обука во областа на воздухопловните науки со етаблирање на стандарди и нормативи на европскиот образовен систем. Потребата од ваков профил на кадри во Македонија е повеќе од актуелна, особено поради статусот на земја-кандидат за влез во ЕУ и потребите од хармонизација на целокупната нејзина легислатива.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0