Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија има примарна мисија да едуцира студенти кои  во иднина ќе бидат покункурентни на пазарот на трудот во областа на правните науки.

Наставните програми се дизајнирани на начин да се постигне идеален баланс меѓу теоретските знаења и вештини со кои студентите се стекнуваат во текот на студирањето  истовремено стекнатото знаење да го практицираат во реални ситуации. Заради тоа е направена и Судница која единствено ја има на МИТ Универзитет, каде студентите преку практични примери во улога на судии, адвокати, обвинители апликативно го применуваат стекнатото знаење. Студентите имаат можност активно да преку само организирање и разни активности заедно со своите професори, како општествено одговорен факултет, да им помагаат на лица  нудејќи им бесплатна правна помош за да истите ги остварат своите права.

Студиските програми се структурирани во согласност со Болоњскиот процес заради поедноставно трансферирање и прифаќање со европските искуства, односно целосно е прифатен Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС).

Преку компатибилноста на  програмата со наставните програми на правните факултети на највисоко рангираните универзитети во регионот и Европа се овозможува мобилност во студирањето и прифаќање на нашата диплома од земјите вклучени во Болоњскиот процес, а сето тоа со разумна оптовареност на студентите и можност за модифицирање на наобразбата преку мноштво изборни предмети спрема индивидуалните афинитети на секој одделен студент.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0