МИТ Универзитет

Нашето секојдневие е исполнето со низа примери кои како приоритет постојано ја навестуваат потребата од стручно и компетентно управување со природните ресурси. Речиси и да не постои субјект во општеството (од економски, социјален, културен, технолошки аспект итн.) на кој не му е потребна квалитетна анализа и реална слика на еколошката состојба во својот домен на делување.

Еколошките ресурси се област која што е постојано во центарот на внимание во глобални рамки. На Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, Вашата идна професија како Менаџер на еколошки ресурси можете да ја одберете во доменот на: националните институции, меѓународни институции, државна и локална самоуправа, приватен сектор, невладин сектор, научно- истражувачки институти, консалтинг компании и агенции, центри за информирање и анализа на еколошкиот развој итн.

Преку примена на нашите научно- истражувачки методи, заедно ќе ги поставиме стандардите за почитување на еколошките вредности, ќе научите одржливо да ги искористувате природните ресурси, ефикасно да ја проценувате еколошката и енергетска безбедност и климатските промени. Вие сте тие кои ќе остават еколошки „отпечаток“ на меѓународно, национално и локално ниво. Организираните семинари и конференции во соодветната област само ќе ја надополнат вашата стручност и компетентност во спроведувањето на таканаречената „еколошка дипломатија“.

Бидете во чекор со потребите на природата.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0