МИТ Универзитет

Од самото наше основање како приватна образовна институција, МИТ Факултетот за компјутерски науки и технологии е посветен на највисоките стандарди во образованието, истражувањето и општествените достигнувања. Нашата цел е да бидеме еден од најдобрите факултети за компјутерски науки и технологии во Македонија.

Нашиот Факултет за компјутерски науки и технологии е посветен на практично пренесување на знаењето, овозможувајќи им на студентите да ги комбинираат содржините на предавањата со практичното искуство. Овој приод, заедно со нашата ангажираност во современата индустрија во Македонија, има за цел да едуцира дипломци кои ќе бидат високо ценети на работното место.

Ние сме посветени кон образование на кадри кои ќе бидат висококомпетитивни како професионалци во полето на бизнисот, електронската трговија, ИТ комуникацијата и научните истражувања.

Нашиот факултет нуди разновидни програми. Како дополнение на изучувањето напредно ИТ знаење и вештини, овие програми исто така вклучуваат и менаџерски вештини кои се во постојана побарувачка за нашите студенти.

Во студиската програма на Факултет за компјутерски науки и технологии интегрирани се специфични научни дисциплини, како што се складирање, анализа и пребарување на податоци, софтверска архитектура и инженеринг и интелигентни системи. Покрај тоа, во моментов се фокусираме на истражување, развој и имплементација на разни пакети (апликации) за колаборација и управување со наставни предмети, со цел да бидеме едни од најголемите провајдери за учење преку интернет и далечинско учење во Македонија.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0