МИТ Универзитет

МИТ Факултет за дентална медицина – Скопје претставува единствена самостојна високо-образовна установа во Република Македонија. Со студирањето на овој факултет се образуваат здравствени стручњаци – доктори и магистри по дентална медицина, кои се оспособени за лечење на болести во уста, болести на заби, вилици и други стоматолошки болести, односно превентивно делување и развивање на свеста кај децата и возрасните за оралното здравје.

Денталната медицина е составена од медицински знаења и вештини кои бараат високи стандарди во академското образование со цел обучување на врвни доктори по дентална медицина кои ќе бидат способни за превенција, епидемиолошко пратење, дијагностика и лечење на болести на заби и уста, односно понатамошно стручно и научно усовршување.

Целта на формирањето на овој Факултет за дентална медицина е пред се, заради реалните потреби за квалитетна здравствена заштита и прилагодување на законските промени кои настануваат во Република Македонија.

Стоматолошкото образование има напредок и примена на нови знаења, материјали и технологии. Нашата намера е да се вклучиме во европскиот високо-образовен систем, при што треба да се прилагодиме кон Болоњската декларација, како и законските норми на Еврпската Унија.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0