МИТ Универзитет

Значењето на психологијата е причина за акредитирање и организирање на студиите на Факултетот за психологија. Психолошките активности се вклучени во сите аспекти на човечкиот живот, а посебно во оние кои се однесуваат на работата и организацијата на работата, вработувањето и професионалната ориентација, комуникацијата и пазарот, воспитувањето и образованието, истражувањето, здравството, спортот, социјалната заштита, трговијата, правосудството, војската и полицијата.

Со психологијата како професија можат да се занимаваат единствено психолози. Психолог е индивидуа која има завршено академско образование наменето за едукација на психолог.

Во современото општество психологот е експерт за кој постои потреба во сите дејности, а посебно во предучилишниот и училишниот образовен систем, во здравството, социјалната заштита, при давањето на психолошка помош на сите оние на кои истата им е потребна, во војската, полицијата, стопанството.

Современиот начин на живеење, постојаните стресови, урбаноста, доведуваат до неопходна потреба од психолог како остручено лице за секој урбан чинител. Студиите на Факултетот за психологија се организирани според принципите на Болоњската декларација и предвидуваат петгодишни студии според принципот 3+2, односно додипломски и постдипломски студии.

Во согласност со основните принципи на Болоњската декларација, Факултетот за психологија е заинтересиран за постигнување максимална отвореност на студиите и мобилност на студентите, како во Република Македонија, така и во рамки на Европа. Еден од начините да се постигне тоа е токму нашето настојување организацијата на студиите во целост да се усогласи со препораките на Европската рамка за образованието на психологот (EuroPsyT).

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0