МИТ Универзитет

Основањето на МИТ Факултетот за менаџмент како приватна научно-образовна институција е резултат на потребите на стопанството во Република Македонија од современи менаџери подготвени да се соочат со економските предизвици на 21-от век.

Факултетот за менаџмент при МИТ Универзитет Скопје е факултет кој ги негува традиционалните, современите и напредните форми на образование. Современите услови диктираат темпо на донесување на одлуки врз основа на целосно перципирање на ресурсот информација. Правилното дефинирање на менаџментот, концептот на менаџмент функцијата и нејзиното современо претставување иницира деловен процес кој преку деловната функција опфаќа активности неопходни за антиципирање, идентификување и задоволување на побарувачката од кадри, образовани и профилирани во современите услови.

МИТ Универзитет Скопје, Факултет за менаџмент со сите свои насоки нуди компатибилност помеѓу академското и практичното, помеѓу знаењето и вештината, компоненти кои се неопходни за еден современ менаџер. Нашата стратегиска цел е да постигнеме високо ниво на едукација за сите оние кои се заинтересирани тој процес да го прифатат и профилација на стручни кадри кои ќе понудат нови вредности во деловното опкружување. Факултетот за менаџмент е конципиран за практично пренесување на знаењата, овозможувајќи една синтеза помеѓу практичното и академското. Нашите студенти се високо ценети и високо компетитивни како професионалци во сите подрачја од бизнисот.

Факултетот за менаџмент нуди разновидни програми и содржини кои се протегаат преку повеќе модули: модул бизнис менаџмент, модул безбедност и финансиска контрола, финансиски менаџмент, здравствен менаџмент, менаџмент на јавна администрација и локална самоуправа.

Менаџерските вештини се во континуиран процес на побарувачка. Интегративниот процес на специфични научни дисциплини факултетот го подигнуваат на високо образовно, но и професионално ниво. Ние нудиме знаења за менаџери кои се на почетокот на својата кариера и за оние кои преферираат тоа да го постигнат. Нашата намера е целосна едукација на
студентите во подрачјето на менаџментот со стекнување и интегрирање на фундаменталните вредности.

Целосно се придржуваме на основната задача која се поставува пред секој менаџер: примена на стекнатите знаења за посебни состојби со цел ефикасно да се управува со компанијата

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0