МИТ Универзитет

Нашиот Факултет за безбедност со своите два модули претставува релативно нов и просперитетен факултет во рамките на високообразовната установа МИТ Универзитет, преку реализација на наставата во студиската програма безбедност и криминологија.

Согласно декларираната политика на МИТ Универзитет, Факултетот за безбедносни науки ја следи определбата за спроведување современи и флексибилни студиски програми во согласност со националната и меѓународната безбедност, преку безбедносните теории и безбедносните студии, критичките студии во безбедноста, теориите на мир и конфликти, криминологијата, криминалистичката форензика и спречувањето на перење пари, финансирањето тероризам и организиран криминал, а преку активно интегрирање со опкружувањето и креирање на релации со општествените потреби.

Современите трендови и потреби овозможуваат практична анализа на реалната состојба следејќи го актуелниот миг на осовременување на безбедносните структури и нивната практична употреба како резултат на развојот на теоретската детерминираност и дефинирањето на ризиците и заканите врз Република Македонија, како и воспоставувањето соодветен модел за рано предупредување, проценка на ризиците и справувањето со ризиците и заканите врз безбедноста во сите подрачја кои се однесуваат на неа.

Дипломираните студенти по безбедност, во потесната област безбедност и криминологија се квалификувани за работата во администрацијата на државно и локално ниво, контрола на безбедносните служби, спроведување на процесот на донесување одлуки и креирање безбедносни политики и откривање на финансиски криминал, како и превенција на криминалот и безбедносните ризици и закани на државно и локално ниво.

Секоја наставна материја е проследена со дополнителни материјали и проектни ангажмани со цел континуирано вложување во подготовката и експертизата на нашите студенти, столбот на македонското општество и пошироко.

Ве уверуваме во најдоброто од Вашиот личен избор.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0