Економски факултет при МИТ Универзитетот Скопје е факултет кој ги негува традиционалните но и современите и напредните форми на образование. Современите услови диктираат темпо на донесување на брзи одлуки врз основа на целосно перципирање на ресурсот применета информација.

Економски факултет, со сите свои насоки нуди компатибилност помеѓу академското и практичното, помеѓу знаењето и вештината, компоненти кои се неопходни за денешнината.

Нашата стратегиска цел е да постигнеме високо ниво на едукација за сите оние кои се заинтересирани тој процес да го прифатат и да се профилираат во стручни кадри кои ќе понудат нови вредности во деловното опкружување. Факултетот е конципиран за практично пренесување на знаењата, овозможувајќи една синтеза помеѓу практичните вештини  и академските знаења.

Економски факултет нуди програми и содржини кои се распределени во неколку студиски програми и тоа: менаџмент, маркетинг, сметководство и ревизија, и финансии, банкарство и осигурување преку кои студентите ќе се едуцираат согласно своите афинитети.

Интегративниот процес на специфични научни дисциплини факултетот го подигнуваат на високо образовно, но и професионално ниво. Нашата намера е целосна едукација на студентите во подрачјето на економските науки со стекнување и интегрирање на фундаменталните вредности.

Во рамките на факултетот се организираат научни, стручни семинари и работилници  во кои активно се вклучени и студентите, а се стекнуваат и со лиценцирани сертификати.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0