МИТ Универзитет

На нашиот Факултет за менаџмент на туризам се создаваат стручни кадри со разновидни практични знаења, вештини и познавања на најсовремените методи и постапки во научните и технолошките достигнувања во областа на туризмот.

Мултидисциплинарниот пристап овозможува непосредна примена на знаењата, не само во институциите кои се занимаваат со туризмот (туристички агенции, хотели и други организации значајни за развој на туризмот, ресторани и други угостителски објекти), туку и во сите институционални форми кои се создадени врз основа на искористувачката моќ на природните ресурси и руралните средини, со акцент на заштита на животната средина. Факултетот за менаџмент на туризам на студентите им нуди квалитетно образование, стручна практика и соработка со најдобрите професори и кадри од областа на туризмот, можности за успешна кариера во туристичкиот сектор, но и во други сектори од општествено-економскиот живот.

Исто така, факултетот обезбедува специјализирани знаења и вештини од областа на туризмологијата, антропологијата, економијата, менаџментот, географијата, екологијата, меѓународниот туризам, промоцијата, маркетингот, одржливиот развој преку сеопфатна анализа на природните и антропогените туристички вредности и инфраструктура, како и одржливиот капацитет на дестинацијата, маркетинг и промоција на руралниот туризам.

Студентите ги изучуваат еколошките аспекти на туризмот, се едуцираат во правец на заштита на животната средина и природните ресурси во руралните и еко-подрачјата (зелениот туризам), како и во насока на зачувување на традиционалните обичаи и занаети.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0