МИТ Универзитет

Првиот колеџ за медицинска козметологија (College of Medical Cosmetics) е основан во 1997 година и е водечки факултет во областа на медицинската естетика и козметологија во Израел, САД и Србија.

Од академската 2014/2015 година првпат и студентите на МИТ Универзитет Скопје имаат привилегија да бидат со најдобрите и да бидат дел од овој високообразовен процес. МИТ Колеџ за медицинска козметологија е факултет за медицинска козметологија воден од еминентни професори и доктори кои се лидери во оваа област.

Сите тие имаат иста цел насочена кон унапредување на квалитетот на образовниот процес преку изучување на теоретска и практичната настава и следење на современите трендови во козметологијата за да создадат кадри кои ќе бидат идни лидери во медицинската козметологија.

Студентите на Колеџот за медицинска козметологија имаат можност да ја изберат својата следна професија определувајќи се за една од следниве насоки за студирање:

  • естетска козметологија,
  • шминкер,
  • велнес, спа и физиотерапевт.

Имено, студентите кои ќе се запишат на овој светски познат факултет добиваат еден вид самопромоција и големо олеснување во процесот на пронаоѓање на адекватно работно место.

Почитувани идни студенти, стекнатите знаења и вештини, како и меѓународно признатите дипломи на овој факултет ќе ви отворат многу врати.

Со полагање на испитите по соодветните стручни предмети и насоки, студентите се здобиваат со меѓународно признати дипломи издадени од York University USA и College of Medical Cosmetics, Tel Aviv, Israel, со што стануваат лидери во својата област. Предавалните и просториите во рамките на МИТ Универзитетот се опремени со најсовремена технологија, користејќи производи со високо ниво на квалитет за следење на теориската и практичната настава.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0