Факултет за архитектура  обезбедува наставна, научна и апликативна дејност преку изучување на светската архитектонска мисла и практика, но и негување и афирмација на традиционалните обележја и вредности на нашето неимарство.

Факултет за архитектура е отворен за сите студенти кои сакаат да го продолжат образованието во областа на архитектурата и уште во текот на своето образование да се стекнат со работно искуство учествувајќи во разни работилници и проекти и апликативно учествувајќи на летни школи кои се од отворен карактер за сите студенти од земјата и надвор.

Студиската програма на Факултет за архитектура е усогласена со потребите на стопанството и науката. Преку посебни предавања од областа на градежната физика, област која е во согласност со светските трендови за економичност и заштеда на енергијата, а во таа насока е и користењето на сончевата енергија студентите добиваат одлични знаења и вклопувајќи се  во современите образовни светски текови.

Нашата мисија е да образуваме кадри кои ќе претставуваат голем работен потенцијал, кој ќе работи не само во Македонија, туку и било каде во светот.

Клучни зборови на  факултет за архитектура се: професионалност, визија и мултидисциплинарност во сите процеси и во сите делови од науката инплементирани во архитектурата.

Факултетот за архитектура е факултет со интегрирани студии кој профилира кадри со тригодишни додипломски студии  и двегодишни магистерски студии во области на архитертурата.

Студиски Насоки

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0