Гостинско предавање на Кристофер Д. Ландау, Велика Британија

Како резултат на произлезена соработка со „Балкански Институт за Вера и Култура“ (Balkan Institute for Faith and Culture) и Факултетот за безбедносни науки, преку програмата „Конекција Оксфорд“, денес во Свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет се одржа предавање на тема „РЕЛИГИЈАТА И МЕДИУМИТЕ ВО ОПШТЕСТВО НА ПОСТ-ВИСТИНА: ПАТЕШЕСТВИЕ НА ЕДЕН BBC НОВИНАР“ од страна на Кристофер Давид Ландау од Велика Британија. 

Професионално искуство на предавачот:  Одбранил докторска дисертација во 2017, која ја подготвува за издавање. Претходно работел како BBC новинар, како телевизиски продуцент и како радио репортер. Последното работно место во новинарството пред докторатот било во канцеларијата за религиозни прашања во меѓународната програма на ВВС со голем опсег на патување низ светот покривајќи релевантни прашања на оваа тема.
Во текот на предавањето се отворија и прашања околу примената на меката моќ на регионалните и светските сили и нивното влијание околу меѓународната безбедност и стабилност, како и злоупотребата на религијата од страна на поединци и групи за различни цели. Предавањето побуди интерес кај студентите, при што на крајот се разви плодна дискусија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0