Одржана обука „Ревизија на управување“

МИТ Универзитет - Скопје во соработка со Здружението на внатрешни ревизори на 30.03.2018 организира обука на тема "Ревизија на управување".

Специјален предавач на обуката беше Никола Глигоровски од КБ Прво Пензиско Друштво.

Во текот на обуката беа опфатени следните тематски единици:
- Раст и развој на внатрешната ревизија (меки вештини и бизнис знаење)
- Модели на управување
- Предмет и цели на ревизијата на управување
- Организациска култура
- Култура и функционирање на одборот
- Управување со состаноците
- Управување со процесите
- Анализа на стратешко планирање
- Човечки ресурси

На крајот од обуката на учесниците им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0