Гостинско експертско предавање во соработка со Државниот инспекторат за животна средина

На 28.03.2018 година на МИТ Универзитет – Скопје во организација на Факултетот за безбедносни науки и Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси во соработка со Државниот инспекторат за животна средина се одржа гостинско експертско предавање на тема „ДЕТЕКЦИЈА НА ИЗВОРИТЕ НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ПРЕКУ КОНТРОЛАТА И НАДЗОРОТ ОД СТРАНА НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА“.

Предавачи беа:

- г-дин Дарко Блинков, Советник за аналитика, меѓународни мрежи и проекти во Државниот инспекторат за животна средина, и

- г-дин Пејо Кировски, Државен инспектор за животна средина во Државниот инспекторат за животна средина.

На предавањето студентите имаа можност поблиску да се запознаат со законската регулатива, инспекциските надзори, контролата и откривањето на изворите на загадување на животната средина и начините за подигнување на јавната свест за нејзино зачувување. Предавањето побуди голем интерес кај студентите, а особено се разви плодна дискусија во однос на загадувањето на воздухот и начините за справување со овој проблем. 

На крајот од предавањето на предавачите им беа доделени Благодарници за одржаното предавање, кои ги додели вд Деканот на Факултетот за безбедносни науки, доц. д-р Кире Бабаноски.
Со гостите беше одржана и работна средба заедно со Ректорот на МИТ Универзитет - Скопје, проф. д-р Маријан Стевановски, на која беа договорени идни форми на потесна соработка помеѓу двете институции што во блиска иднина ќе се преточи во потпишување на Меморандум за соработка и разбирање.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0