МИТ Факултетот за менаџмент стана членка на ПРМЕ

Иницирана на Самитот на лидери Глобал Компакт на Обединетите нации 2007 во Женева, иницијативата за Принципи на одржливо менаџмент образование (Principles for Responsible Management Education - PRME) е првата организирана корелација помеѓу Обединетите нации и бизнис училишта, со седиште во ПРМЕ Секретаријатот во канцелариите на ОН Глобал Компакт. Мисијата на ПРМЕ е да се трансформира образованието, истражувањето и мислата на менаџерското лидерство на глобално ниво, преку спроведување на рамката на Принципите за одржливо менаџмент образование, развивајќи образовни заедници и промовирајќи свест за целите на Обединетите нации за одржлив развој.

Шесте принципи на ПРМЕ се инспирирани од меѓународно прифатени вредности, како што се десетте принципи на Глобал Компакт на Обединетите нации, и обезбедуваат структура за ангажирање академски институции со цел унапредување на општествената одговорност преку втемелување на универзалните вредности во наставата и истражувањето. Стремежот на овие принципи е да се востанови процес на континуиран напредок помеѓу образовните институции за менаџмент, за да се развие нова генерација на бизнис лидери кои ќе бидат способни да менаџираат со комплексните предизвици со кои се соочуваат бизнисот и општеството во 21-виот век.

Факултетот за менаџмент при МИТ Универзитет како членка на ПРМЕ е посветен на имплементирање на Принципите за одржливо менаџмент образование во својата образовна дејност на прв, втор и трет циклус студии како и во својата научно-истражувачка дејност.

Повеќе за ПРМЕ ќе најдете на следниот линк

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0