Гостинско предавање на Факултетот за Психологија

На ден 08.03.2018 год на МИТ Факултет за Психологија, при Центарот за применета психологија, гостуваше м-р Мирјана Јовановска Стојановска, докторанд по психологија, актуелна претседателка на Комората на психолози на РМ, која воедно работи како психолог и психотерапевт.  Претседателката ги информираше студентите, магистрантите, алумните и сите други заинтересирани лица за Законот за вршење на психолошка дејност, процесот на лиценцирање и етичкиот кодекс на психолозите, со цел да се промовира професијата психолог и да се укаже на важноста на професијата психолог во општеството. МИТ Универзитет и Факултетот за психологија свечено и додели благодарница за успешната соработка со Факултетот и промоција на нашата професија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0