13
мар. 2018
Во текот на предавањето беа презентирани основните начела на постапувањето со лицата осудени на казна лишување од слобода, а посебен осврт беше даден на процесот на ресоцијализација и рехабилитација на осудените лица во пенитенцијарните установи.
Предавањето побуди особен интерес кај студентите, при што се разви и дискусија за актуелните состојби во македонските казнено-поправни установи и за можните решенија за нивно надминување.