Студиска посета на Народна Банка на Република Македонија

На 07.03.2018 година студентите од прв и втор циклус од Факултетот за менаџмент и Факултетот за безбедносни науки заедно со дел од наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитет реализираа студиска посета на Народна Банка на Република Македонија.

Во рамките на посетата студентите го посетија Музејот на Народната Банка, а беа одржани и две предавања на теми Монетарна политика и Спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Во текот на посетата студентите покажаа особен интерес за презентираните теми и се развија плодни дискусии и дебати со предавачите.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0