Предавање за високо-технолошки криминал

Пред студентите на Факултетот за безбедносни науки на 01.03.2018 година (Четврток) во Амфитеатар 1 (Објект City Gallery) при МИТ Универзитет - Скопје, беше изведена клиничка настава од страна на д-р Марија Ѓошева од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија како истакнат стручњак од практиката. 

Одржаното предавање е во согласност со потпишаниот Меморандум за соработка и разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи и МИТ Универзитетот. 

Во рамките на предавањето кое беше на тема „Појавни форми и безбедносни ризици на високо-технолошкиот криминал“ беа опфатени теоретско-практични аспекти и примери на појавните форми и борбата против високо-технолошкиот криминал, а посебно преку елаборација на компјутерскиот криминал, компјутерските измами, кражбите на идентитет, фалсификувањето на документи, компјутерскиот вандализам, саботажа и шпионажа, подготовката и употребата на компјутерските вируси, хакирањето и сајбер-тероризмот.

Во текот на предавањето се разви плодна дискусија при што студентите се интересираа за разни сегменти од работата и функционирањето на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и начинот на криминалистичко-оперативно идентификување и истражување на кривичните дела од областа на компјутерскиот и високо-технолошкиот криминал. 

На крајот од предавањето, од страна на в.д. Деканот на Факултетот за безбедносни науки, на д-р Марија Ѓошева и беше доделена благодарница за одржаното предавање, со надеж за идни соработки.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0