Трансфер и упис на студенти на студиските програми на факултетите на МИТ универзитет во академската 2016/2017 година

МИТ Универзитет врши трансфер и запишување студенти на следните насоки и факултети:

1. Факултет за менаџмент
• Безбедност и финансиска контрола
• Бизнис менаџмент
• Здравствен менаџмент
• Финансиски менаџмент
• Менаџмент на јавна администрација и локална самоуправа

2. Факултет за архитектура
• Архитектура

3. Факултет за менаџмент на еколошки ресурси
• Безбедност на храна
• Aгробизнис
• Менаџмент на еколошки ресурси

4. Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија
* стара и нова програма на студии

5. Факултет за безбедносни науки
• Криминологија
• Безбедност

6. Факултет за психологија
• Психологија

Право на трансфер имаат сите студенти од други приватни и државни факултети од Република Македонија и странство. Кандидатите можат да се запишат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 10 евра по кредит.

При трансферот, зависно од бројот на испити што ги имате положено и од програмата по која дотогаш сте студирале, се определува во која година од студиите ќе бидете запишани. Кандидатите ги доставуваат следните документи:

• Исписница од претходниот факултет или уверение за положени испити
• Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна, училишна или меѓународна матура;
• Свидетелства од сите години;
• Извод од матична книга на родените;
• 4 мали фотографии во боја

Пријавувањето се врши до 10.09.2016 година, секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот, во просториите на МИТ Универзитет Скопје на трета Македонска бригада бб, општина Аеродром и Сити Галери – Плоштад Македонија, општина Центар.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0