Студиска посета на Меморијалниот Музеј на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ

Студентите од Факултетот за безбедносни науки на 21.02.2018 година (Среда) реализираа студиска посета на Меморијалниот музеј на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ  - Илегалната оружарница. 
 
Во текот на посетата студентите имаа можност да ја видат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ во целосно реновираната прва партизанска оружарница.

Од кустосот при посетата студентите беа запознати дека во услови на окупација и полициски режим, во непосредна близина на кејот и зградата на Митрополијата, на улицата Пајкова број 2, е формирана првата илегална работилница во градот. Задачата за формирањето и организирањето на работилницата им била доверена на Илија Јакимовски – Илчо, Роберт Гајдик и Бранислав Шикиќ, а тие задачата му ја довериле на електромеханичарот Серафим Видовски, кој имал работилница во дворот на својата куќа. Оваа скромна работилница прераснала во јадро на создавање на новата историја на градот и еден од симболите за отпорот на населението против окупаторот и неговиот терор.

Оваа куќа и скромната работилница го дочекале ослободувањетo на Македонија и опстанале сè до 1965 година, но со новиот урбанистички план и изградбата на Стопанска банка во комплексот на културните институции куќата и работилницата биле урнати. Овој објект во 1981 година е пренаменет во Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944) и како нем потсетник за хероите и борците што пожртвувано се бореле и вршеле диверзантски акции врз надмоќниот фашистички окупатор за да ја ослободат нашата татковина.

Со новата изменета и надополнета поставка, чиј автор е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, и изложувањето деведесетина зачувани музејски експонати, се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди со времето на Втората светска војна.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0