МИТ Универзитет

Одржана обука: Финансиски извештаи и сметководство за внатрешни ревизори

На 12.02.2018 година во организација на МИТ Универзитет и Здружението за внатрешни ревизори, во свечениот амфитеатар на МИТ Универзитет се одржа ексклузивна обука: IFRS, Financial Statements & Accounting for Internal Auditors - МСФИ, Финансиски Извештаи & Сметководство за Внатрешни Ревизори.
Целите на тренингот беа:
а. IFRS Финансиски извештаи 
б. Финансов менаџмент 
в. Интернационални сметководствени практики
Специјален предавач на обуката беше Маркос Даскалакис - Извршен директор за внатрешна ревизија од JPMorgan Chase & Co.
Студенти од прв и втор циклус на студии и дел од наставниот кадар на МИТ Универзитет зедоа активно учество на оваа обука.
На предавањата и вежбите во рамките на обуката се развија плодни дискусии и дебати помеѓу предавачите и слушателите. 
На крајот од денот, за успешно поминатата обука на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0