МИТ Универзитет

Студиска посета на Mакедонската берза на хартии од вредност

На 30.11.2017 година, студентите од Факултетот за менаџмент и Факултетот за безбедмосни науки реализираа студиска посета на Македонската берза на хартии од вредност.
Притоа, студентите имаа можност да проследат презентација за начинот на функционирање, организациската поставеност и улогата на берзата во финансискиот систем во Република Македонија. Мисијата на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на организираниот секундарен пазар на хартии од вредност во Република Македонија, преку перманентно настојување на сите инвеститори да им обезбеди влез, односно излез од финансиските инструменти со кои се тргува на различните берзански пазари по фер пазарна цена, да им помогне на трговските друштва да привлечат нов капитал за финансирање на нивниот развој и да придонесе за градење доверба во македонскиот пазар на хартии од вредност.
 

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0