Конкурс за запишување студенти на прв и втор циклус студии во академската 2016/2017 година

Во согласност со член 57 и 108 од Законот за високо образование (Службен весник на Р.М. бр. 35/2008), МИТ Универзитетот – Скопје, со седиште на ул. Трета Македонска Бригада 66 а, од Скопје, објавува

К О Н К У Р С

За запишување студенти во академската 2016/2017 година

БРОЈ НА СТУДЕНТИ И ФАКУЛТЕТИ НА КОИ СЕ ВРШАТ УПИСИ

Во прва студиска година, во академската 2016/2017 година на МИТ Универзитет – Скопје, на прв и втор циклус на студии ќе се запишат вкупно 660 студенти на следните факултети:

1. Факултетот за архитектура, (3+2)

-архитектура (I циклус)
-архитектонско проектирање (II циклус)
-урбанизам (II циклус)
-ентериер (II циклус)

2. Факултетот за менаџмент (3+2)
3. Економски факултет (4+2)

– менаџмент
– маркетинг
– финансии, банкарство и осигурување
– сметководство и ревизија

4. Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси (3+2)

– менаџмент на еколошки ресурси (I циклус)
– безбедност на храна ( I и II циклус)
– агробизнис (I и II циклус)
– управување со одпад (II циклус)
– менаџмент на води (II циклус)
– менаџмент на животински и растителен свет (II циклус)

5. Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија (3+1+1) и (3+2)

-правни науки (I и II циклус)
-административно право(II циклус)
-казнено право(II циклус)
-меѓународни односи и дипломатија (II циклус)

6. Факултет за безбедносни науки (4+2)

-безбедност (I и II циклус)
-криминологија (I и II циклус)

7. Факултет за психологија(3+2) (I и II циклус)

Погледнете го целиот Конкурс за запишување студенти во академската 2016/2017 година

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето за запишување, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. Пријавен лист за запишување (го добиваат на Факултетот);
2. Оригинални свидетелства од сите класови и соодветни документи за завршена државна матура (за студентите кои се запишуваат на прв циклус-додипломски студии);
3. Диплома за завршен прв циклус – додипломски студии (за студентите кои се запишуваат на втор циклус – постдипломски студии);
4. Извод од матичната книга на родените и
5. Доказ за државјанство на РМ

Документите се доставуваат секој ден од понеделник до петок од 08 до 16 часот, во просториите на МИТ Универзитет во Скопје.

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

1. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои ќе матурираат во академската 2015/2016 година е положена државна матура или меѓународна матура.
2. Право за запишување на прв циклус додипломски студии можат да имаат и лицата кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно образование со четиригодишно траење, доколку на конкурсот не се јават доволен број кандидати кои ги исполнуваат условите од точка 1.
3. Услов за запишување на прв циклус додипломски студии за лица кои завршиле образование во учебната 2007/2008 год. и порано е завршено четиригодишно средно образование во средни училишта, кои се верифицирани од страна на Министерството за образование и наука.
4. Право за запишување на прв циклус додипломски студии имаат и кандидати државјани на Република Македонија, кои средно образование завршиле во странство, како и странски државјани кои имаат нострифицирани свидетелства за завршено средно образование во странство.
5. Студирањето се изведува во просториите на МИТ Универзитетот или преку далечинско учење (distance learning).
6. Наставата се одвива на македонски јазик, а Универзитетот организира и настава по англиски јазик за студиските програми наведени погоре под број 2,5 и 8 од глава 1, доколку се пријават доволен број кандидати.
7. Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти по студиските програми наведени погоре.
8. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит.
9. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатите можат да освојат најмногу 100 поени и тоа:
– Општиот успех постигнат по сите предмети учествува со 60 %,
– Успехот од државната матура, односно училишната матура или завршниот испит учествува со 40%.
10. Основни критериуми за селекција и рангирање на кандидатите за запишување на прв циклус додипломски студии за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2006/2007 година и порано е успехот постигнат во средното образование.

МИТ Универзитет обезбедува стипендии за 10 најдобри студенти со постигнати врвни резултати на домашни и меѓународни натпревари за иновативност, претприемништво и сл.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0