МИТ Универзитет

Посета на Единицата за брзо распоредување (ЕБР)

На 24.11.2017 година (Петок) студентите од Факултетот за безбедносни науки при МИТ Универзитет - Скопје реализираа студиска посета на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

На почетокот студентите проследија презентација за основната намена, задачите, организациската поставеност, улогата и функциите на оваа единица во состав на Централните полициски служби, Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Потоа студентите имаа можност да се запознаат со опремата и средствата кои ги користат припадниците на оваа едница во случаите кои се од делокругот на надлежности на оваа единица.

Посетата беше реализирана под раководство на доц. д-р Кире Бабаноски.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0