МИТ Универзитет

Одржана обука на тема „ПРОЦЕС НА НАБАВКА, ДЕЛОВНИ РИЗИЦИ И КОНТРОЛА“

На МИТ Универзитет на 17.11.2017 година се одржа обука на тема "ПРОЦЕС НА НАБАВКА, ДЕЛОВНИ РИЗИЦИ И КОНТРОЛА" од страна на предавачи од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Во овој проактивен и интензивен тренинг слушателите го научија целиот процес на набавка со сите негови фази од моментот со планирање до неговата финална реализација, како се случуваат најчестите типови на измами при набавките и модели за воспоставување ефикасни системи за интерна контрола. На овој начинт се подобрува стручноста за процесот со набавките и способноста и препораки за ублажување на ризиците од измами. Покрај тоа, слушателите се запознаа како да го инкорпорираат сопственото гледиште на ризикот и интерните контроли со експертизата на квалитетен оперативен процес. Слушателите добија добри совети како да реализираат професионално уверување и советување, остварувајки позитивно влијание во нивната идна кариера и подобрен успех за нивната организација.

Студенти од прв и втор циклус на студии и дел од наставниот кадар на МИТ Универзитет зедоа активно учество на оваа обука.

На предавањата и вежбите во рамките на обуката се развија плодни дискусии и дебати помеѓу предавачите и слушателите. На крајот од денот, за успешно поминатата обука на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0