МИТ Универзитет

Студиска посета на канцеларијата на Народниот правобранител

На 06.11.2017 година во 11.00 часот студентите од Факултетот за безбедносни науки остварија студиска посета на канцеларијата на Народниот правобранител.

Во рамките на посетата студентите проследија презентација за функциите, делокругот на надлежности и улогата на Народниот правобранител во заштитата на човековите права и слободи од разни форми на злоупотреби од страна на заменичката Васка Бајрамовска Мустафа.

Притоа, на студентите им беше посочено дека Народниот правобранител или Омбудсманот е специфичен, посебен, стручен и независен орган со овластувања за заштита на правата на граѓаните, што значи не е законодавно тело, извршна ниту судска власт, а уште помалку државен обвинител или орган на инспекција и надзор. Неговото значење и специфичноста на функцијата е токму во начинот на неговото дејствување и однесување. Методот и начинот на дејствување на Народниот правобранител се состои во давање предлози, совети, сугестии, соработка, подучување, умешност да се сослуша човекот и правовремено да дејствува во насока за остварување на правата на граѓаните.
Народниот правобранител како носител на функцијата е  транспарентен, а  канцеларијата во секој момент е отворена и достапна за секој граѓанин на Република Македонија или секое друго лице.
Надлежност на Народниот правобранител е и преземање акции и мерки за заштита на принципот на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците во државната администрација, во единиците на локалната самоуправа и во јавните институции и агенции.

Посетата беше реализирана под менторство на доц. д-р Кире Бабаноски.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0