МИТ Универзитет

Потпишан Меморандум за соработка и разбирање помеѓу МИТ Универзитет и НКЦГУ

На 01.11.2017 година се потпиша Меморандум за соработка и разбирање помеѓу МИТ Универзитет - Скопје, претставуван од страна на Ректорот проф. д-р Маријан Стевановски и Националниот координативен центар за гранично управување, претставуван од Координаторот д-р Владимир Пивоваров.

Потпишувањето на меморандумот е значајно заради отворање на можноста за изведување на практична настава на студентите од МИТ Универзитетот во Националниот координативен центар за гранично управување, како и учество на наставно-соработничкиот кадар од МИТ Универзитетот и стручните лица од Националниот координативен центар за гранично управување во форма на предавања, работилници и други форми на научно-истражувачка и образовна дејност, на настани организирани од страна на двете институции и нивните партнерски организации.

На чинот на потпишувањето присуствуваа и в.д. Деканот на Факултетот за безбедносни науки, доц. д-р Кире Бабаноски и доц. д-р Благој Цонев, кои го изразија задоволството затоа што студентите од нивниот факултет, а и сите други студенти од МИТ Универзитет во иднина ќе имаат можност поблиску да се запознаат со работата на оваа институција како дел од безбедносниот систем на Република Македонија, а со тоа ќе се овозможи поврзување на теоретските со практичните знаења и искуства. 

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0