30
окт. 2017
На 27.10.2017 година, во рамки на Отворениот ден, студентите од Факултетот за безбедносни науки и Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија реализираа студиска посета на Собранието на Република Македонија.
Од надлежните лица, студентите беа запознати со организацијата и делокругот на надлежности на Собранието, подетално им беа појаснети постапките за донесување на закони, како и функционирањето и делокругот на работа на различните тела и комисии во македонскиот законодавен дом.