МИТ Универзитет

МИТ Модел на Обединети нации

По повод 24 октомври - Денот на Обединетите нации, Факултетот за безбедносни науки заедно со студентите организира настан за одбележување на овој ден. 

Во рамките на "МИТ Модел на Обединети нации" се изведе симулација на седница на Советот за безбедност при Обединетите нации, со тема на дискусија: Нуклеарната програма на Северна Кореја.

Студентите зедоа активно учество во работата на седницата преку изложување на ставовите и позициите на земјите кои ги претставуваа во однос на нуклеарната и ракетна програма која подолго време ја развива Демократска Народна Република Кореја и неодамнешните испалувања и тестови извршени од нејзина страна.

На крајот од седницата, студентите предложија нацрт Резолуција со која воведуваат построги санкции кон Северна Кореја, а кои треба да се преземат од страна на сите земји-членки на Обединетите нации. Резолуцијата беше едногласно прифатена.


МИТ Моделот на Обединети нации е симулација која им помага на студентите поблиску да се запознаат со работата и начинот на функционирање на телата и органите на светската организација, подетално да истражат еден светски проблем од кој е засегната глобалната безбедност, стабилност и мир, како и да се обидат да изнајдат и креираат соодветни мерки и активности за разрешување на спорната ситуација.

Позитивните искуства и импресиии од овој настан се поттик да продолжи традиционално да се организира секоја година на нашиот Универзитет.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0