МИТ Универзитет

Одржана обука на тема "ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА БАЗИРАНА НА РИЗИК"

На МИТ Универзитет на 20.10.2017 година се одржа обука на тема "ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА БАЗИРАНА НА РИЗИК" од страна на предавачи од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Студенти од прв и втор циклус на студии и дел од наставниот кадар на МИТ Универзитет зедоа активно учество на оваа обука.

Во рамките на обуката беа опфатени следните содржини:
- Стремеж на внатрешната ревизија кон совршенство преку Фокус на Ризици,
- Идентификација на ризици и процес на оценување на ризиците,
- Воведување на ризиците во вашите процедури за планирање на ревизиите
- Enterprise Risk Management (ERM) - Зошто ни е значајно?,
- Трансформација на вашиот процес на оценување ризици кон ERM,
- Фокус на вообичаени ризици по индустрии.

На предавањата и вежбите во рамките на обуката се развија плодни дискусии и дебати помеѓу предавачите и слушателите. На крајот од денот, за успешно поминатата обука на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0