МИТ Универзитет

СЕМИНАР "Денес национални, утре НАТО лидери"

На 18 и 19.10.2017 година во хотел Континентал, Скопје, студенти од Факултетот за безбедносни науки и Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија учествуваа на семинар "Денес национални, утре НАТО лидери" во организација на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг и NATO's Public На 18 и 19.10.2017 година во хотел Континентал, Скопје, студенти од Факултетот за безбедносни науки и Факултетот за правни науки, меѓународни односи и дипломатија учествуваа на семинар "Денес национални, утре НАТО лидери" во организација на Центарот за економски политики, анализи и консалтинг и NATO's Public Diplomacy Division.

Студентите имаа можност да дискутираат и разменат мислења за предизвиците кои се издигнуваат пред Република Македонија заедно со нивни колеги од другите факултети во државава, како и со високи претставници од NATO, поранешни министри, дипломати и експерти од државава и странство.

Во првиот ден од семинарот студентите имаа можност да ги проследат следните излагања:
- г-дин Димитар Белчев, поранешен дипломат во ЕУ - "Идни млади професионалци",
- проф. д-р Трајан Гоцевски, прв Министер за одбрана - "Зајакнување на партнерството со НАТО" и
- генерал потполковник Мирослав Стојановски, поранешен Началник на ГШ на АРМ - "Обврски и придобивки од членството во НАТО"

Во вториот, студентите имаа можност да ги проследат следните излагања од страна на експерти претставници од НАТО, Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи на Република Македонија:
- Политики на отворени врати на НАТО,
- Евроатлантски интеграции на Република Македонија - идни предизвици,
- Правни аспекти како дел од хибридните војни,
- Социјална и медиумска експанзија, политичко-безбедносни предизвици.

Во рамките на семинарот беа организирани и работилници, практични вежби и работења во групи, преку кои студентите активно се вклучија во анализа и разрешување на конкретни проблеми кои се издигнуваат пред Република Македонија на патот кон евроатлантското интегрирање.

Учеството на студентите на семинарот беше под менторство на доц. д-р Кире Бабаноски од Факултетот за безбедносни науки. На крајот од семинарот, на учесниците им беа доделени сертификати за успешно учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0