Одржано предавање на тема „Мапирање на криминалитетот: Карта на криминалитетот во Р. Македонија“

На 22.04.2016 година (Петок) во 10:00 часот во Амфитеатарот на МИТ Универзитет, објект во Аеродром, на покана на Факултетот за безбедносни науки, по иницијатива на доц. д-р Кире Бабаноски, м-р Дамјан Темелковски (докторанд на Вестминстер Универзитетот во Лондон) одржa предавање на тема „Мапирање на криминалитетот: Карта на криминалитетот во Република Македонија“.

На предавањето беше презентиран софтверскиот систем за бележење на криминалните настани во Република Македонија, кој функционира веќе 5 години. Овој систем податоците ги црпи од дневните билтени на Министерството за внатрешни работи, а има и опции за филтрирање на податоците по разни основи. Создавањето на системот е дипломски проект на м-р Дамјан Темелковски на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, a може да се најде на следниов линк.

Ова експертско предавање се надоврза на тематските единици кои во изминатиот период беа работени со студентите од Факултетот за безбедносни науки, a кои се однесуваа на собирањето, анализата и графичкото прикажување на податоците за криминалните и воопшто безбедносните појави во општеството. Предавањето наиде на голем интерес кај студентите, при што се разви плодна дискусија за придобивките на картата на криминалитетот во однос на превенирањето на идните криминални активности во државата. Презентацијата од предавањето може да ја погледнете овде.

За предавањето на м-р Дамјан Темелковски од Факултетот за безбедносни науки и МИТ Универзитетот му беше врачена Благодарница и беше договорена идна соработка со наставниот кадар.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0