МИТ Универзитет

Одржана обука на тема "ИТ РЕВИЗИЈА И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ - Предизвици и техники"

На 12.06.2017 година (Понеделник) на МИТ Универзитет се одржа обука на тема "IT AUDITING and DATA PROTECTION Challenges and Tecniques" од страна на предавачи од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Студенти од прв и втор циклус на студии и дел од наставниот кадар на МИТ Универзитет зедоа активно учество на оваа обука.

Обуката се состоеше од два дела: ИТ Ревизија и Заштита на лични податоци.
Во рамките на првиот дел ИТ Ревизија беа опфатени следните аспекти:
- Место и улога на ИТ ревизија,
- Специфики и предизвици на ИТ ревизија.
- Фази на изведување на ИТ ревизија,
- Профил на ИТ ревизор.

Во рамките на вториот дел Заштита на лични податоци беа опфатени следните аспекти:
- Законска регулатива за заштита на лични податоци во Република Македонија,
- Внатрешна контрола и улогата на внатрешната ревизија во заштитата на личните податоци,
- Обработка на личните податоци од трети лица,
- Совети за заштита на личните податоци при користење Интернет.

На предавањата и вежбите во рамките на обуката се развија плодни дискусии и дебати помеѓу предавачите и слушателите.

На крајот од денот, за успешно поминатата обука на сите учесници им беа доделени Сертификати за учество.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0