Посета на Дирекција за заштита и спасување

На 04.05.2016 година (Среда) студентите од Факултетот за безбедносни науки, по иницијатива на доц. д-р Кире Бабаноски, остварија посета на Дирекцијата за заштита и спасување, како субјект од единствениот систем за заштита и спасување.

Едукативната посета беше со цел поврзување на знаењата на студентите кои ги стекнуваат во текот на студиите по предметите од областа на безбедноста, безбедносниот менаџмент, справувањето со ризици, несреќи и катастрофи и цивилната одбрана и заштита.

Студентите беа примени од страна на раководители на секторите во рамките на Дирекцијата, кои преку одлични презентации, ги запознаа со организациско-структурната поставеност, функциите, овластувањата и улогата во безбедносниот систем на државата, во однос на заштитата и спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба.

Поблиску беа прикажани работните задачи и должности на вработените, како и начините и стандардните оперативни правила и процедури за справување со несреќи и катастрофи од поголеми размери, како на пример: пожари, поплави, земјотреси, еколошки катастрофи и др.

Студентите активно се вклучија во дискусија со вработените преку поставување на бројни прашања од областа на делокругот на работа на Дирекцијата.

На крајот од посетата беше упатена благодарност за гостопримството, беа договорени идни средби и иницирани други форми на соработка со Факултетот за безбедносни науки при МИТ Универзитетот.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0