МИТ Универзитет

Студиска посета на Директоратот за политичко-безбедносна соработка при Министерството за надворешни работи на Република Македонија

Студентите од Факултетот за безбедносни науки на 01.06.2017 година остварија студентска посета на Директоратот за политичко-безбедносна соработка при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Во рамките на посетата студентите беа запознати со целта на овој Директорат - унапредување на односите на Република Македонија и НАТО Алијансата и зајакнување на улогата на земјава како контрибутор во безбедноста и стабилноста преку учество во мировните операции на глобално ниво.
На студентите им беа презентирани и секторите во состав на Директоратот: Секторот за НАТО и планирање на операции и Секторот за меѓународна и регионална политичко-безбедносна соработка.

Студентите беа примени лично од Директорката на Директоратот г-ѓа Мира Крајачиќ.
Предавањето од страна на претставниците на овој Директорат побуди интерес кај студентите, при што се разви дискусија на која беа поставени повеќе прашања и беа коментирани моменталните политичко-безбедносни случувања во Република Македонија, Европа и светот.
Особен акцент во рамките на дискусијата беше ставен на евроатлантското интегрирање на Република Македонија, особено на идното членство на Република Македонија во НАТО.

Посетата беше реализирана по иницијатива и менторство на доц. д-р Кире Бабаноски.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0