Награда од 1000 долари на конкурс за најдобар есеј

Здружението на внатрешни ревизори на Република Македонија и Internal Auditor распишуваат конкурс за најдобар есеј (труд) од областа на внатрешната ревизија. МИТ Универзитет Скопје како соработник на институциите кои го организираат овој настан, ги известува своите студенти дека може активно да учествуваат со сопствени трудови, а наградниот фонд изнесува 1000 долари.

Рокот на испраќање на трудовите е 31.05.2017 година. За сите информации обратете се кај ректорот на МИТ Универзитет, проф. д-р Маријан Стевановски  или на web страницата. За помош во врска со изработка на трудот ректорот ви стои на располагање.

Се надеваме дека со задоволство ќе ја прифатите оваа научно-истражувачка работа како процес на продолжување на вашата едукација и откривање на нови знаења во делот на внатрешната ревизија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0