ИМАГИНАЦИЈА – креирање на иднината

МИТ Факултет за Психологија и MИT-Центарот за Применета Психологија организираат предавање кое ќе го орджи м-р Горан Стевчевски – Џина, Магистер по психолошки науки - клиничка и советодавна психологија на ден 28.04. 2017 (петок) во 12 часот во просториите на МИТ Универзитет, објект - Аеродром. Гостинот има богато искуство од 16 години во проучувањето на физика и технологија на свеста и проширување на свесноста и автор е на свој регистриран заштитен метод (S.A.V.E. – метод) за практична работа со клиенти.

Предавањето ќе биде на следните теми:

Наслов: ИМАГИНАЦИЈА – креирање на иднината
Тема 1: Духовно око или окото на визијата
Тема 2: Функционирање на рационално семејство
Тема 3: Програм на свеста (Рационален програм)
- Рационалниот програм не дозволува создавање на друга, поинаква реалност
- Рационалниот програм ја зголемува поларизацијата на спротивностите
- Рационалниот програм создава искривена слика за нас и лажна стварност (илузија)
- Рационалниот програм го создава и негува зависниот (причинско – последичен) однос
Тема 4: Имагинација – сила со која се креира иднината
- Контакт и комуникација со внатрешниот извор
Предавањето е отворено за сите заинтересирани, а присуството на студентите од МИТ Факултет за психологија е задолжително.

 

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0