МИТ Универзитет

Студиска посета на Aгенцијата за разузнавање на Република Македонија

Студентите од Факултетот за безбедносни науки на 07.04.2017 година остварија посета на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија која беше реализирана по иницијатива и под раководство на доц. д-р Кире Бабаноски.
Целта на посетата беше поквалитетно и посодржинско изведување на наставата по предметите од областа на безбедноста и разузнавањето. Притоа студентите се запознаа со организациската поставеност, целите и законските надлежности, улогата и функционирањето на оваа институција како значаен дел од безбедносниот систем на Република Македонија. Особен акцент во текот на дискусиите беше ставен на оперативните и тактичките аспекти на работата на Агенцијата, конкретно нејзината вклученост во справувањето со безбедносните ризици и закани по безбедноста на државата.  
Во рамките на студиската посета студентите имаа можност да ја разгледаат и постојаната поставка во новоотворениот музеј на Агенцијата за разузнавање и да се запознаат со експонатите и нивната примена при оперативните активности на разузнавачката дејност. 
Студентите проследија и две предавања од страна на надлежните раководители во Агенцијата на тема: "Основи на разузнавањето - организација, цели и надлежност на Агенцијата за разузнавање" и "Разузнавачко-истражувачки циклус, меѓународна и меѓуинституционална соработка".
Излагањата на предавачите побудија огромен интерес кај студентите, при што следеше дискусија со коментари и прашања за разузнавањето и разузнавачкиот циклус и можностите за работен ангажман во Агенцијата за разузнавање.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0