МИТ Универзитет

Студиска посета на Криминалистичкиот Музеј

По иницијатива и под раководство на доц. д-р Кире Бабаноски, студентите од Факултетот за безбедносни науки на 10.03.2017 година остварија посета на Криминалистичкиот музеј во рамки на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, кој е единствен од ваков вид во државава.

Низ музејската поставка студентите ги водеше Јордан Кабранов, началник на Одделение за континуирани и меѓународни обуки при Центарот за обука.
На студентите им беа претставени најзначајните експонати во музејот, кои претставуваат предмети и средства со кои се извршени кривични дела (instrumentum delicti), како и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела (corpora delicti), но и фото-албумите произлезени при спроведените увиди на местата на кривичните настани. Сите тие сведочат за сторени покарактеристични кривични дела во минатото на територијата на Република Македонија, од кои голем број од нив се свирепи, сурови и мистериозни злосторства. 

Студентите имаа можност да ги разгледаат и да се запознаат со трагите и предметите кои потекнуваат и сведочат за многубројни кривични дела против животот и телото, против имотот, против здравјето на луѓето, како и разни видови на фалсификувања документи итн, кои се случиле минатиот век во Република Македонија. 

Студентите со особено внимание ги следеа приказните кои ги раскажуваше водичот за извршените криминални дејствија од страна на нивните сторители, како и начинот на кој полициските органи ги идентификувале, откривале, разјаснувале и докажувале ваквите негативни и опасни човекови поведенија.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0