МИТ Универзитет

Средба на Европската Федерација на организации за едукација по Психодрама-психотерапија (FEPTO Research Committee Meeting)

Oд 23 до 26 февруари 2017 година на МИТ Универзитет (Сити Галери)  се одржa средба на Европската Федерација на организации за едукација по Психодрама-психотерапија (FEPTO Research Committee Meeting). На оваа средба учествуваа универзитетски професори, практичари и научници од Германија, Австрија, Полска, Швајцарија, Бугарија, Финска, Шветска, Естонија, Португалија, Србија и Македонија.

На средбата беа изложени резултати од истражувања од областа на психологијата и психодрама-психотерапија, се дискутираше за проблеми поврзани со истражувачката работа во психотерапијата, исто така, беа отворени прашања за идни истражувачки проекти и беа споделени искуства од истражувачката дејност на психодрама психотерапевтите.

На оваа средба се обрати и деканот на Факултет по психологија при МИТ Универзитет доц.д-р Мирослав Пендароски. Тој во своето излагање зборуваше за развојот на психологијата, психотерапијата и психодрамата во Република Македонија, како и за работата на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет.  Евалуацијата на целиот настан, преку работилница, ја одржа асс.м-р Весна Блажевска.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0