Средба на Европската Федерација на организации за едукација по Психодрама-психотерапија (FEPTO Research Committee Meeting)

Со посебна чест ве известуваме дека од 23 до 26 февруари 2017 година на МИТ Универзитет (Сити Галери)  ќе се одржи средба на Европската Федерација на организации за едукација по Психодрама-психотерапија (FEPTO Research Committee Meeting).

Свои истражувачки трудови и научни сознанија, ќе презентираат бројни европски и домашни истражувачи, научници, професори и практичари од полето на психодрама-психотерапија. На отварањето на овој митинг ќе се обрати и деканот на Факултетот по психологија при МИТ Универзитет Доц. д-р Мирослав Пендароски.

Организацијата на овој настан е направена во соработка со "Амигдала" - Центар за психотерапија и едукација, Скопје. Целосната програма за овој настан може да се проследи на следниов линк.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0