Склучен договор за соработка помеѓу МИТ Универзитет Скопје и здружение на внатрешни ревизори на Република Македонија

Во интерес на организирање и реализирање на високостручна апликативна дејност, подигање на општото образовно ниво, поттикнување конструктивен натпревар меѓу различните идеи и пристапи, проучување на нови методи, техники и инструменти за извршување на внатрешната ревизија и други облици на меѓусебна соработка, беше потпишан договор за соработка помеѓу МИТ Универзитет Скопје и Здружение на внатрешни ревизори на Република Македонија.

Договорот го потпишаа ректорот на МИТ Универзитет Скопје, проф. д-р Маријан Стевановски и претседателот на здружението Билјана Секуловска.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0