Предавање на тема „Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет“

На 13.05.2016 година (Петок) во амфитеатарот 1 на МИТ Универзитет Скопје, објект Центар (City Gallery), претставници од Организацијата "Млади за разоружување" и Здружението "Поддршка-Право-Пристап-Србија" во рамките на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје - ICAN, пред студентите одржаа предавање на тема "Нуклеарното разоружување во мултиполарниот свет".

Марко Вучковиќ од Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград говореше за Нуклеарниот арсенал во светот, Алдин Буквиќ од Факултетот за политички науки при Универзитетот во Сараево говореше за Нуклеарниот тероризам, а Госпава Стојановиќ од Факултетот за безбедност при Универзитетот во Белград говореше за Последиците на нуклеарното оружје.

На предавањето присуствуваа студенти и претставници од наставно-соработничкиот кадар на МИТ Универзитет. Тезите кои беа изнесени од страна на предавачите побудија огромен интерес кај присутните, што резултираше со плодна дискусија и дебата, особено за нуклеарниот баланс во светот и улогата на безбедноста во меѓународните односи.

После предавањето беше остварена работна средба на која беше договорено иницирање, креирање и организирање на заеднички проекти, програми и други облици на соработка со цел промовирање и втемелување на основните вредности и принципи за мирно решавање на конфликтите, преку не користење на вооружени сили, а пред се, промоција на забраната за користење на нуклеарното оружје кај младите.

Предавањето беше реализирано на покана од Факултетот за безбедносни науки, а по иницијатива на доц. д-р Кире Бабаноски.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0