Одржано предавање на проф. д-р Paul Sergius Koku од Државниот Универзитет на Флорида на МИТ Универзитет

Во четврток, на 22.12.2016 година, во Амфитеатарот на МИТ Универзитет во Сити Галери, предавање одржа проф. д-р Paul Sergius Koku, од Државниот Универзитет на Флорида. Предавањето беше на една мошне актуелна тематика: „Компетенции на современите лидери“ што предизвика интерес како кај студентите така и кај наставниот кадар од различните профили на МИТ Универзитет.

Гостувањето на проф. Koku претставуваше прекрасна прилика за дискусија и разменување на мислења поврзани со тематиката на современото лидерство. Со неговото пријателско расположение и отвореност, професорот несебично разменуваше искуства и од личниот живот, одговарајќи на бројните поставени прашања како од студентите, така и од наставниот кадар, при тоа говорејќи и за образовниот систем на Американскиот континент, моралните вредности, интегритетот на професорите итн.

Побогати со нови сознанија, му благодариме за гостувањето и се надеваме на следно видување во наредна прилика.

Студенти

0

Предмети

0

Вработени

0

Локации

0